УКОЧЕНИОТ ОБВИНЕТ ВО „ТРИСТА“ ОТВОРИЛ БОЛЕДУВАЊЕ, СУДЕЊЕТО ОДЛОЖЕНО

    УКОЧЕНИОТ ОБВИНЕТ ВО „ТРИСТА“ ОТВОРИЛ БОЛЕДУВАЊЕ, СУДЕЊЕТО ОДЛОЖЕНОСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи пред Основниот суд Скопје 1. (М. Златевска)

    Судијката Лидија Петровска го одложи денешното рочиште за предметот „Триста“ на СЈО, откако адвокатите на обвинетиот Ѓоко Поповски доставија медицинска документација дека поранешниот помошник министер во МВР отворил боледување.

    Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, како и на минатото рочиште, на кое што обвинетиот не дојде оти бил укочен, побара од судот вешто лице да утврди дали Поповски може да дојде на судење.

    Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластувања, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошникот министер во Министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила, при што го оштетил буџетот за над 450 илјади евра.

    Следното рочиште треба да се одржи 27 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира