УКРАИНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖАА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА И СЕ ЗАБЛАГОДАРИЈА ЗА ПОМОШТА

    УКРАИНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖАА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА И СЕ ЗАБЛАГОДАРИЈА ЗА ПОМОШТАЗдружението „Лесја Украинка“ организираше собир на плоштад Македонија (Фото: СДК.МК)

    Со пароли „Русија е терористичка држава“ и „365 дена нескршливост“, Украинците во Македонија ја одбележаа првата годишнина од почетокот на руската инвазија и истовремено се заблагодарија за помошта што нивната земја ја доби од Македонија. Здружението „Лесја Украинка“ организираше собир на плоштад Македонија и потоа положи цвеќе пред бистата на Тарас Шевченко во паркот Жена борец.

    Собирот продолжи пред бистата на Тарас Шевченко (Фото: К. Попов)

    Ние, Украинците, денеска одбележуваме 365 дена од почетокот на руската воена инвазија врз Украина. Не очекувавме дека некој во 21. век би војувал за странски територии, но добивме голема поддршка од сите земји. Благодарност до Македонците што ни даваат голема помош од првите денови“, кажа претседателот на здружението Александар Урбанович.

    Тој потсети дека околу 6.000 украински семејства дојдоа во Македонија од почетокот на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира