УЛТРАМАРАТОНЦИТЕ ДИМОВ, ДОДЕВСКИ И СПАСОВСКИ ТРЧААТ 150 КИЛОМЕТРИ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

    УЛТРАМАРАТОНЦИТЕ ДИМОВ, ДОДЕВСКИ И СПАСОВСКИ ТРЧААТ 150 КИЛОМЕТРИ ВО ЧЕСТ НА РАЦИНВелешаните Зоран Димов и Верољуб Додевски и скопјанецот и Томе Спасовски ќе трчаат од Велес до планината Лопушник во Кичевско каде загина Кочо Рацин. (Фото: МИА)

    Тројцата искусни маратонци Зоран Димов и Верољуб Додевски од Велес и Томе Спасовски од Скопје, денеска стартуваа со ултрамаратон на 150 километри во чест на поетот Коста Солев Рацин, а во рамки на 60. Рацинови средби. Ултрашите тргнаа пред споменикот на Рацин во истоимената велешка гимназија, а ќе трчаат до планината Лопушник, Кичевско, местото каде загина на поетот на 13 јуни 1943.

    На вториот ден од програмата на Рациновите средби, вечерва од 19 часот пред споменикот на Рацин во центарот на градот ќе се чита поезија посветена на поетот. Од 20 часот на Спомен-костурницата од НОВ, каде почива Рацин заедно со стотина борци од Велес и Велешко, ќе биде врачено и Рациновото признание за 2023 на Блаже Миневски, а ќе се одржи и музичко-сценски перформанс „Рацин –живот без компромис“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира