УНГАРИЈА ДОНИРАШЕ 6 ИЛЈАДИ ДОЗИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ, АМА ТИЕ ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА ПОВОЗРАСНИ ГРАЃАНИ

    УНГАРИЈА ДОНИРАШЕ 6 ИЛЈАДИ ДОЗИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ, АМА ТИЕ ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА ПОВОЗРАСНИ ГРАЃАНИНа Скопскиот аеродром, Сијарто со вакцините беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска дојде во Скопје со донација од 6 илјади дози на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи.

    Но, кај нас „АстраЗенека“ се дава само на граѓани над 60 години, а такви меѓу полицајците нема, бидејќи одат порано во пензија поради бенефицираниот стаж, па овие вакцини ќе бидат употребени за повозрасните граѓани, а 3.000 полицајци ќе бидат покриени со вакцини од други производители, кои се на располагање во моментов. 

    Од Министерството за здравство изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК  дека согласно Националната стратегија за вакцинирање, со овие 6.000 вакцини од Унгарија ќе бидат вакцинирани 3.000 повозрасни граѓани, а 3.000 полицајци ќе бидат вакцинирани со „Синофарм“ и „Фајзер“.

    На Скопскиот аеродром, Сијарто беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира