УНИШТЕН Е СОМНИТЕЛЕН ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ ОД ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ОДГОВОРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА ОБВИНУВАЊАТА ОД ОПОЗИЦИЈАТА ДЕКА УНИШТИЛЕ ИНСУЛИН СО ВАЛИДЕН РОК

    УНИШТЕН Е СОМНИТЕЛЕН ИНСУЛИН ОД ПАРАЛЕЛЕН УВОЗ ОД ВРЕМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ОДГОВОРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА ОБВИНУВАЊАТА ОД ОПОЗИЦИЈАТА ДЕКА УНИШТИЛЕ ИНСУЛИН СО ВАЛИДЕН РОКОд Министерството за здравство додаваат дека со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет. - Министерот за здравство Венко Филипче на владина седница (Фото: Влада)

    Министерството за здравство потврди дека е уништен инсулин, откако ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција објави дека е уништен инсулин со валиден рок во вредност од 1,5 милиони евра. Сепак, велат од Министерството за здравство, станува збор за сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и неговата вредност е 330 илјади евра, а 1,5 милиони.

    „Министерството за здравство информира дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција“, соопшти Министерството за здравство.

    Од Министерството за здравство додаваат дека со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.

    „Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат“, велат од министерството.

    На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска кажа дека се уништени 1,2 тони инсулин од кои дел, односно половина тон биле со валиден рок.

    „Внимавајте се работи за уништување на инсулин чиј рок истекува дури после половина година и чија вредност е 1,5 милиони евра“, кажа Андоновска, додавајќи дека од документите со кои располагаат се гледа дека половина тон од инсулинот кој е уништен има валиден рок до средината на наредната година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира