УПРАВНИОТ ОДБОР НА ДРЖАВНАТА МЕПСО ИМ ОТПИШАЛ ДОЛГ ОД 14 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЧЕТИРИ ПРИВАТНИ ТРГОВЦИ СО СТРУЈА

    УПРАВНИОТ ОДБОР НА ДРЖАВНАТА МЕПСО ИМ ОТПИШАЛ ДОЛГ ОД 14 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЧЕТИРИ ПРИВАТНИ ТРГОВЦИ СО СТРУЈАДеталниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на АД МЕПСО во 2021 година отвора многу работа за обвинителството. - Одлука на УО на АД МЕПСО (Фото: СДК.МК)

    Членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО: Ева Шуклева, Борко Алексоски, кои сега се сменети, како и сè уште актуелните членови Билен Саљији, Љупчо Зиков, Сашо Стефановски и Гоце Талевски, се соочуваат со опасност од кривично гонење зашто своеволно донеле одлука да им отпишат долг од 14 милиони евра на приватни трговци со струја кон државната компанија.

    Тоа, според извештајот на Државниот завод за ревизија, го направиле свесно и покрај тоа што знаеле дека поради нивното откажување од снабдување со струја по повисоки цени, државата морала итно да се приклучи на Европската мрежа и да плати речиси двојно, 25 милиони евра за да купи струја и да ги снабди граѓаните и стопанството во текот на енергетската криза.

    Со одлуката на овие шест луѓе државата не ги наплаќа овие 14 милиони евра, а дава 25 милиони евра ад хок да набави значително поскапа струја по мегават/час за граѓаните.

    Деталниот извештај на ДЗР за работењето на АД МЕПСО во 2021 година отвора многу работа за обвинителството: компанијата не знае колку далноводи и трафостаници има, што се капитални ресурси на државата, а не кутии. Се става имот на МЕПСО под хипотека во интерес на приватни правни лица. Не се знае кој колкави донации и кому ги дал тие донации од МЕПСО. За неповлечени пари од дамнешни кредити, компанијата плаќа по 200.000 евра „камата”.

    Сепак, ревизорите најмногу негодуваат што државата си дозволила 14 милиони евра да отпише, да ги фрли во ветер.

    Кога поскапе струјата на европскиот пазар, овие четири приватни фирми ги раскинале договорите со МЕПСО за снабдување на потрошувачите со електрична енергија.

    Кога поскапува струјата, овие 4 компании на кои не им било исплатливо да набавуваат по тие цени, се приклучуваат на МЕПСО, каде струјата била поевтина. Компанијата евидентира побарувања, долгови од 15 милиони евра од овие 4 фирми.
    Кога се забележуваат потешкотии во враќањето на нивните долгови кон МЕПСО (дел од нив згаснуваат), Управниот одбор изгласал отпис на тие побарувања. Се откажал од 15 милиони државни пари, ги впишуваат во „трошоци” на МЕПСО.

    Од вкупно 15 милиони, само еден милион од овие должници е платен, пред УО да им ги подари овие пари на четворицата должници.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира