УПРАВНИОТ СУД ДОСЕГА ОДБИ 16 ТУЖБИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    УПРАВНИОТ СУД ДОСЕГА ОДБИ 16 ТУЖБИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИУправниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби и останува да бидат објавени уште 12 одлуки. (архивска фотографија)

    Управниот суд досега ги соопшти одлуките за 16 тужби против решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за првиот круг од локалните избори и сите се одбиени како неосновани. Четиринаесет од објавените одлуки се однесуваат на тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите две се поднесени од ТМРО и од Левица.

    Управниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби и останува да бидат објавени уште 12 одлуки, односно 10 за тужби поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, една за тужба од ТМРО и една од Алијанса за Албанците.

    Судечки совет составен од пет судии, избрани по пат на жрепка, одлучува по поднесените тужби, а нивната одлука е конечна. Од Управниот суд соопштуваат дека одлуките за поднесени тужби од партиите ќе се објавуваат постепено, преку АКМИС системот на веб страната на судот.

    На 29 октомври во 35 општини во Македонија ќе се одржи втор круг од локалните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира