Управниот суд ги одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд.
Судскиот совет постапката за избор на претседател на највисокиот суд, ја продолжува натаму.
Најсериозен кандидат на Советот е в.д.претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, на која при вонредното оценување Судскиот совет и ги дал сите можни највисоки оценки и бодови.
На противкандидатката Неделкова, Судскиот совет, при иста, највисока оценка со Бајлозова, и ги намали бодовите, а не и ги призна ни трудовите објавени во странски медиуми со меѓународен импакт фактор. Подносителката на тужбата против Судскиот совет Лидија Неделкова за САКАМДАКАЖАМ.МК пред донесувањето на одлуката изјави:
“Со оглед на составот на советот од тројца судии и со оглед на констелацијата на односите, не очекувам барањето за времената мерка и тужбата да ми бидат прифатени“.
Одлуката ја донеле судиите: Нада Иванова (претседател на советот), Мустафа Шаини и Весна Јовановска, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Неделкова бараше поништување на одлуките за вонредно оценување како неуставни и незаконити. Главниот нејзин аргумент во управниот спор што го поведе против Судскиот совет, како што вели, е што изборот на претседател на Врховниот суд, Судскиот совет го спроведува според услови кои ги нема во објавениот оглас. Таму е наведено дека кандидатите ќе се оценуваат според последните нивни две оценки, а тоа се оценките за 2013 и 2014 година, а Судскиот совет, место како што е во огласот, спроведе вонредно оценување и кандидатите ги рангира по вонредното оценување, кое не е спомнато во огласот.
С. ДЕЛЕВСКА
|
УПРАВНИОТ СУД ГИ ОДБИ ТУЖБАТА И ВРЕМЕНАТА МЕРКА ЗА СТОПИРАЊЕ НА ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)