Педесет и петгодишен прилепчанец почина од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“, хоспитализиран бил на 22 април, а 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на КОВИД-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е 1 пациент, а вкупно се хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539 , бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.
Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 515
Куманово – 402
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –162
Тетово – 93
Струга – 67
Велес – 86
Битола –20
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1
Направените 292 теста се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен факултет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со ПЦР метода -12 и МАНУ -24. Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на КОВИД -19.