Дванаесет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, додека истовремено се потврдени 377 нови случаи на зараза од направените 3.608 тестирања.
Петмина од починатите се од Скопје на возраст од 63 до 87 година, како и по еден од Куманово (61 година), Охрид (58), Битола (67), Штип (66), Струмица (62), Крива Паланка (78) и Виница (69), сите во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице на 92 години од Скопје, кое починало на 6 декември во болнички услови.
Најмногу од новите случаи на коронавирус се во Скопје – 164, па следуваат Кавадарци – 31, Прилеп – 30. Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка по 6, Радовиш и Валандово по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и Струга, Пробиштип и Крушево по 1
Регистрирани сe 307 оздравени пациенти.
Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања, а бројот на заразени изнесува 219.100. Оздравеле 205.700 пациенти, а починале 7.723. Во Македонија моментално има 5.677 активни случаи.