УШТЕ 23 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС И 365 ПОЗИТИВНИ ОД 4.015 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 23 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС И 365 ПОЗИТИВНИ ОД 4.015 ТЕСТОВИAктивни се 13.052 болни од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и три починати од ковид-19 и уште 365 позитивни од 4.015 тестирања се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Пријавени се 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г). Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 се починати во домашни услови.

    Новозаразените се во Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани сe 551 оздравен пациент од:
    • Скопје – 212
    • Тетово – 53
    • Куманово и Гостивар – по 46
    • Кичево – 38
    • Струга – 25
    • Охрид – 19
    • Битола – 13
    • Прилеп и Кавадарци – по 12
    • Струмица, Штип и Свети Николе – по 9
    • Кочани – 8
    • Велес, Ресен и Дебар – по 5
    • Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3
    • Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2
    • Гевгелија и Богданци – по 1

    Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на Ковид-19. Вкупно ковид дијагностицирани досега се 186.914, од кои оздравени се 167.402, починати се 6.460, а активни се 13.052 болни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира