Во последните 24 часа регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19 од 4.133 тестирања, и тоа во Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1, соопшти Министерството за здравство. Нема починати, а регистрирани сe 6 оздравени од Скопје – 4, Тетово и Струмица – по 1.
Направени се 4.133 тестови преку: ИЈЗ-59, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-151, Биотек-119, Систина-59, лабораторија Лаор-516, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–12, Никоб лаб-732, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2101. Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на ковид-19.
Вкупно ковид дијагностицирани досега се 156.078, од кои оздравеа 150.276, починаа 5.489, а активни 310 болни.