УШТЕ 30 ДЕНА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА САВЕСКИ И ЗА ДВАЈЦА ДЕМОНСТРАНТИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УШТЕ 30 ДЕНА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА САВЕСКИ И ЗА ДВАЈЦА ДЕМОНСТРАНТИ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Куќниот притвор за нови 30 дена им е продлжен на членот на Президиумот на Левица проф. Здравко Савески и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје, што се случија првата недела по донесувањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Приведените Савески, членот на Левица Владимир Куноски и членот на Студентски пленум Борјан Ефтимов прво добија 8-дневен куќен притвор.

    „Ни го продолжија куќниот притвор за 30 дена, сметано од денес. Браво бе, многу сте јаки“, објави Савески попладнево на својот Фејсбук профил.

    Според Кривичниот суд, Обвинителството поднело обвинителен предлог и предлог за продолжување на куќниот притвор против тројца демонстранти, од кои двајца беа изведени пред судија на претходна постапка на 15 април, а еден на 19 април,.

    Судот не објави кога ќе им се суди на демонстрантите.

    „Aболирани криминалци, товарени за тешки злодела се на слобода, додека студенти се затвораат поради нивната слободна мисла и барање да се врати правдата во државата“,  се вели во реакцијата на Студентски пленум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари