УШТЕ 34 ПОЧИНАТИ, ОД КОИ 16 ОД 60-69 ГОДИНИ, И 193 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 1.192 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 34 ПОЧИНАТИ, ОД КОИ 16 ОД 60-69 ГОДИНИ, И 193 КОВИД ПОЗИТИВНИ ОД 1.192 ТЕСТОВИВо земјава има 19.978 активни случаи на ковид-19, од кои 9.324 се во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Триесет и четири лица починаа во изминатите 24 часа по компликации од ковид-19, а регистрирани се 193 нови случаи од 1.192 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Пријавени се 15 починати од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г). Сите се починати во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 110, Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово – по 14, Кичево и Свети Николе – по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци – по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија – по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 2, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Направени се 1.192 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-19, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-0, Биотек-198, Систина-249, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 27, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 323.

    Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на ковид-19.

    Од почетокот на коронакризата во земјава ковид дијагностицирани се 142.034, оздравени се 117.794, починати 4.262, а активни случаи се 19.978.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 63330, активни 9324
    Куманово 7667, активни 1211
    Прилеп 7632, активни 1033
    Тетово 6708, активни 667
    Битола 5328, активни 1205
    Велес 5010, активни 796
    Гостивар 4861, активни 495
    Кавадарци 4844, активни 589
    Штип 4579, активни 452
    Охрид 4550, активни 750
    Струмица 3635, активни 527
    Струга 2808, активни 227
    Кочани 2473, активни 288
    Кичево 2234, активни 280
    Неготино 2058, активни 267
    Гевгелија 2034, активни 370
    Свети Николе 1375, активни 129
    Крива Паланка 1143, активни 90
    Ресен 1135, активни 233
    Радовиш 1000, активни 143
    Берово 939, активни 103
    Делчево 895, активни 82
    Дебар 890, активни 59
    Пробиштип 734, активни 68
    Виница 691, активни 102
    Валандово 587, активни 83
    Крушево 449, активни 115
    Богданци 446, активни 69
    Демир Капија 386, активни 57
    Демир Хисар 347, активни 49
    Кратово 343, активни 22
    Македонски Брод 337, активни 42
    Пехчево 241, активни 20
    Македонска Каменица 216, активни 7
    Дојран 129, активни 24

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира