УШТЕ 37 НОВОЗАБОЛЕНИ, 15 ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОВИД-19, ДВАЈЦА ПОЧИНАА, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    УШТЕ 37 НОВОЗАБОЛЕНИ, 15 ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОВИД-19, ДВАЈЦА ПОЧИНАА, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.207. Продолжениот полициски час трае до вторник до 5 часот наутро. (Фото: К. Попов)

    Денеска преку статиститката на Институтот за јавно здравје се регистрирани 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се лекуваа во домашни услови, соопшти Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти, позитивни на КОВИД-19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во Градската општа болница „8 Септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.207, од кои 179 излечени и 51 починат. Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 409
    Куманово – 329
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –117
    Тетово – 55
    Струга – 55
    Велес – 58
    Битола –17
    Охрид –15
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 27
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2

    Во изминатото деноноќие направени се 314 теста. Преку ИЈЗ –222, преку Ветеринарен факулттет -0, Авицена –3, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Систина со ПЦР метода – 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11.870 тестирања на КОВИД -19.

    На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

    Во „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, 7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на Државен здраствен и санитарен инспекторат се испишани 3 пациенти, сѐ уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

    Во Штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира