Во болнички услови по компликации од ковид-19 починаа 4 пациенти од Скопје (73 и 62), Куманово (69) и Тетово (72), а во последните 24 часа се направени 387 тестирања и регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новите заболени се од: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.674, оздравеа 14.642, починаа 729, а активни случаи се 2.303. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.901, активни 681
• Куманово 1.748, активни 181
• Дебар 285, активни 43
• Штип 1.251, активни 51
• Прилеп 670, активни 131
• Тетово 1.425, активни 169
• Струга 664, активни 52
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 58
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 99
• Гевгелија 125, активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 234, активни 151
• Крива Паланка 107, активни 27
• Радовиш 76, активни 15
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 349, активни 152
• Пробиштип 111, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 44, активни 4
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 110, активни 29
• Делчево 160, активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 343, активни 38
• Кичево 324, активни 38
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со ПЦР метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 57
• Гази Баба – 77
• Аеродром – 107
• Карпош – 86
• Центар – 97
• Кисела Вода – 78
• Ѓорче Петров – 52
• Бутел – 30
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 9
• Сарај – 11
• Арачиново – 7
• Илинден – 28
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-2