УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ, 188 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.971 ТЕСТ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, КУМАНОВО, ГОСТИВАР И СТРУГА

    УШТЕ 5 ПОЧИНАТИ, 188 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.971 ТЕСТ, НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, КУМАНОВО, ГОСТИВАР И СТРУГАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти; - Возило на Брза помош пред Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа починаа 5 лица по компликации од ковид-19, пациентка од Скопје (62), пациент од Битола (74), пациентка од Куманово (78), двајца пациенти од Тетово (61 и 76). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 10.503, од кои оздравени се 5.931, починаа 476, а активни се 4.096.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 4.743, активни 1.803

    • Куманово 1.023, активни 291

    • Дебар 193, активни 123

    • Штип 792, активни 436

    • Прилеп 327, активни 54

    • Тетово 1024, активни 251

    • Струга 439, активни 190

    • Велес 213, активни 16

    • Битола 127, активни 66

    • Охрид 271, активни 86

    • Кавадарци 54, активни 37

    • Гостивар 416, активни 251

    • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

    • Струмица 35, активни 23

    • Крива Паланка 23, активни 9

    • Радовиш 29, активни 23

    • Крушево 15, активни 9

    • Кочани 97, активни 24

    • Пробиштип 50, активни 28

    • Демир Хисар 26, активни 23

    • Македонски Брод 19, активни 15

    • Пехчево 6, активни 0

    • Берово 4, активни 1

    • Валандово 6, активни 0

    • Виница 8, активни 4

    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 13, активни 8

    • Свети Николе 220, активни 180

    • Кичево 134, активни 89

    • Ресен 144, активни 36

    • Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.971 тест се преку: ИЈЗ-956, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-126, Биотек-119, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-261, Систина со ПЦР метода -137, Лаор-104, Судска медицина -11, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-18, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 99.615 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 257

    • Аеродром – 193

    • Бутел – 125

    • Гази Баба – 177

    • Центар – 150

    • Карпош – 158

    • Сарај – 104

    • Кисела Вода – 177

    • Ѓорче Петров – 120

    • Студеничани – 82

    • Шуто Оризари – 127

    • Арачиново – 36

    • Илинден – 26

    • Петровец – 19

    • Чучер Сандево – 12

    • Сопиште – 21

    • Зелениково- 8

    • Странец – 7

    • Нераспределен- 4

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира