УШТЕ 739 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД ОД 1.570 ТЕСТОВИ, ЕДЕН ПОЧИНАТ, КОМИСИЈАТА НЕ ПРЕПОРАЧА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

    УШТЕ 739 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД ОД 1.570 ТЕСТОВИ, ЕДЕН ПОЧИНАТ, КОМИСИЈАТА НЕ ПРЕПОРАЧА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИАктивни се 4.218 болни. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство соопшти дека дека во последните 24 часа има 739 позитивни на ковид од 1.570 тестови, 153 реинфекции, а почина едно лице. Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (73г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.

    На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.

    Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

    Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против ковид-19.

    Новорегистрираните се во Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

    Регистрирани сe 659 оздравени пациенти од: Скопје – 317, Битола – 69, Велес – 36, Кавадарци и Прилеп – по 34, Штип – 22, Гостивар – 21, Тетово – 20, Струмица – 14, Неготино и Гевгелија – по 11, Радовиш, Кичево и Кочани – по 10, Кратово и Валандово – по 6, Ресен – 5, Крива Паланка – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 3, Берово и Демир Хисар – по 3, Куманово, Охрид, Струга, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

    Направени се 1.570 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–146, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-40, Биотек-36, Систина-27, лабораторија Лаор-5, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-16, Генеа-6, Никоб Лаб-29, ВФВ Медикал-15, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 724.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје      156057, Активни   1700
    Куманово    1762, Активни     241
    Битола      17027, Активни    257
    Прилеп      14967, Активни    179
    Тетово      14127, Активни    174
    Кавадарци   11513, Активни    188
    Велес 10436, Активни    120
    Гостивар    10001, Активни    129
    Охрид 9703, Активни     240
    Струмица    8513, Активни     123
    Штип  8488, Активни     103
    Кичево      5920, Активни     73
    Кочани      5312, Активни     49
    Струга      5011, Активни     128
    Гевгелија   4636, Активни     64
    Неготино    3951, Активни     73
    Ресен 2925, Активни     48
    Свети Николе      2733, Активни     21
    Радовиш     2705, Активни     77
    Крива Паланка     2550, Активни     32
    Делчево     2022, Активни     8
    Дебар 1758, Активни     40
    Берово      1749, Активни     19
    Валандово   1559, Активни     10
    Виница      1426, Активни     17
    Пробиштип   1290, Активни     1
    Богданци    1058, Активни     14
    Кратово     1048, Активни     23
    Крушево     986, Активни      28
    Демир Хисар 896, Активни      21
    Македонски Брод   771, Активни      8
    Демир Капија      611, Активни      5
    Македонска Каменица     529, Активни      3
    Пехчево     493, Активни      0
    Дојран      364, Активни      2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира