УШТЕ КАНАЛИЗАЦИЈАТА ДА СЕ ПРОВЕРИ И МОЖЕ СУДИИТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО НОВАТА ЗГРАДА

    УШТЕ КАНАЛИЗАЦИЈАТА ДА СЕ ПРОВЕРИ И МОЖЕ СУДИИТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО НОВАТА ЗГРАДАПретседателот на судот Иван Џолев најави преселба во новата барокна уште за Денот на правосудството - 31 Март (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1, кој уште е во старата зграда со лоши услови за работа на судиите, но и за обвинетите и странките во постапките, за еден месец ќе се сели конечно во новата, барокна зграда, веднаш штом ќе се провери одводната канализација. Ова го најави денеска претседателот на судот Иван Џолев на брифингот за новинари откако беше прашан зошто судиите и рочиштата уште се во старата зграда, а тој најави преселба уште за Денот на правосудството – 31 Март.

    „Преостана уште канализацијата да се провери. Следниот брифинг ќе ни биде се надевам во новата. Преселбата не можеше да се случи бидејќи излегоа проблеми, немало сертификат за лифтовите, сертификат за противпожарните апарати, за алармите и друго. Телефонската централа битно ја оспособивме”, рече на денешниот брифинг претседателот Иван Џолев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари