УШТЕ ПЕТ ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ЛЕКАРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО 2022 ГОДИНА

    УШТЕ ПЕТ ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ЛЕКАРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО 2022 ГОДИНАПрвпат на специјализантите им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар, вели Филипче (Фото: МЗ)

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска потпиша анекс на колективниот договор со синдикалните здруженија на здравствените работници, со кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството.

    Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

    „Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го коригиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар“, вели Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира