УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 25 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 286 ТЕСТИРАНИ

    УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ, 25 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 286 ТЕСТИРАНИВкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.817, оздравени пациенти се 1.301, починати е 104, а активни случаи се 412. - Амбулантно возило пред мобилната болница во кругот на Клиничкиот центар - (Фото: К. Попов)

    Три лица починаа во изминатите 24 часа како последица од компикации на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. На  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60 години), хоспитализирана на клиниката од 27 април,  а во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од Струга (59 години), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51 години) хоспитализиран на 4 ма.

    Регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус од 286 тестирања и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 тестови се направени со скринингот во градинките и сите се негативни.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

    Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

    На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Регистрирани се 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1. Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.817, оздравени пациенти се 1.301, починати е 104, а активни случаи се 412.

    Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 628, активни 152
    Куманово – 416, активни 31
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-36, активни 2
    Прилеп –200, активни 63
    Тетово – 147, активни 79
    Струга – 70, активни 4
    Велес – 121, активни 50
    Битола –27, активни 8
    Охрид –21, активни 6
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –19, активни 2
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 4
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 1
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 0
    Кратово-2, активни 1
    Берово-1, активни 1

    Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со ПЦР метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира