УСПЕХОТ НА БИЗНИСМЕНИТЕ ЗНАЧИ БЛАГОСОСТОЈБА ЗА ГРАЃАНИТЕ, КАЖА ЗАЕВ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУДВА

    УСПЕХОТ НА БИЗНИСМЕНИТЕ ЗНАЧИ БЛАГОСОСТОЈБА ЗА ГРАЃАНИТЕ, КАЖА ЗАЕВ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БУДВАПремиерот Зоран Заев беше еден од учесниците на панелот „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“, на кој учествуваа и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ, премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, потпретседателот на Владата на Србија, Расим Љајиќ, како и потпретседателот на ЕБРД, Пјер Хеилброн.

    Премиерот Зоран Заев кажа дека бизнис-заедницата треба да го искористи вистинскиот момент за што поголема интеграција на регионот, затоа што успехот на бизнисмените ќе значи и благосостојба за граѓаните во обраќањето на на конференцијата „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, која по шести пат се одржува во Будва, Црна Гора.

    Тој рече и дека владите мора да бидат јавен сервис на граѓаните и на бизнис-заедницата и дека деловниот менталитет мора да претрпи промени, да се работи на дигитализација на економијата и на проблемот со обезбедување квалификувана работна сила.

    На конференцијата во организација на Стопанската комора на Црна Гора присуствуваше и македонска бизнис-делегација предводена од Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, а беа и Минчо Јорданов од „Макстил “, Страшо Милковски од „Гранит“, Живко Мукаетов од „Алкалоид“, кои воедно се и потпретседатели на комората.

    На маргините на Конференцијата, учесниците реализираа меѓусебни средби, со цел воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на постојната соработка

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира