УСПЕШЕН Е ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ, 44,53 ОТСТО ИЗЛЕЗНОСТ ДО 18.30 ЧАСОТ

    УСПЕШЕН Е ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ, 44,53 ОТСТО ИЗЛЕЗНОСТ ДО 18.30 ЧАСОТПретседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова денеска гласаше во Центра, Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Успешен е вториот круг од претседателските избори, до 18.30 часот денеска гласале 44,53 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).  Од обработени 99,51 отсто од 3.512 избирачки места, гласале 801.202 гласачи од вкупно 1.808.131 во избирачкиот список.

    Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека изборите минале мирно и без пријавени поголеми неправилности, а цензусот е исполнет оти беше неопходно да гласаат 40 отсто или 723.252 гласачи.

    Избирачките места се затворија во во 19 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира