УСТАВНИОТ СУД ГИ ОДМРЗНА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, СО ОДЛУКА ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА ЌЕ РАСТАТ ЗАЕДНО СО ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА

    УСТАВНИОТ СУД ГИ ОДМРЗНА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, СО ОДЛУКА ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА ЌЕ РАСТАТ ЗАЕДНО СО ПРОСЕЧНАТА ПЛАТАПремиерот Ковачевски и министерот Бектеши во проверка дали се почитува замрзнатата цена на јајцата. (Фото: Влада)

    Со минатонеделната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица се одмрзнуваат платите на функционерите, кои што од 2014 година беа фиксирани. Досега, нивните плати се одредуваа со коефициент (во зависност од функцијата) кој се множеше со фиксна основица од 26.755 денари.

    Отсега, основица ќе биде просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, како што е утврдено со член 11 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, и на тој начин се одмрзнуваат платите на функционерите.

    Според податоците на ДЗР, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари. Коефициентите за утврдување на надоместокот на плата и на платата за функционерите изнесуваат од 2,20 до 4,50.

    Од Уставниот суд велат дека во случајот, постои двојство во уредувањето на прашањето за основицата на платата на избраните и именуваните лица, што претставува неконзистентност во законското уредување на оваа материја.

    „Судот утврди дека истовремено постојат две норми, односно две правни правила за утврдување на основицата на платата oпфатени во еден ист закон, односно едното е член 11 од Законот, според кое основицата се определува според просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, а второто правило е оспорената одредба од член 4 во кој основицата е утврдена во фиксен износ од 25.726 и која со усогласувањето од 4% (предвидено со второспорената одредба) изнесува 26.755 денари што е всушност основица која е моментално во сила односно примена. Поради наведеното, Судот оцени дека укинатите одредби не се во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот согласно кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок“, се вели во образложението на Уставниот суд.

    Подносител на иницијативата е адвокат Бојан Стојевски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира