УСТАВНИОТ СУД ГИ ЗАПРЕ ИЗБОРИТЕ, ВЕЉАНОСКИ ТРЕБА ДА ГО СВИКА СОБРАНИЕТО

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ГИ ЗАПРЕ ИЗБОРИТЕ, ВЕЉАНОСКИ ТРЕБА ДА ГО СВИКА СОБРАНИЕТО

    Уставниот суд штотуку донесе времена мерка со која се запираат од извршување сите активности на ДИК околу одржувањето на изборите на 5 јуни, како и запирање на почнати изборни кампањи.  Времената мерка ја донесе откако едногласно 9-мината  уставни судии одлучија на денешната седница да поведат постапка за оцена на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на 18.02.2016 и одлуката за измена на оваа одлука донесена пак на 23. 02. годинава.

    Решението што денеска го донесе Уставниот суд ќе биде објавено веднаш во Службен весник, а по објавувањето собранискиот спикер Трајко Велјаноски ќе мора да го свика собранието, а тоа да продолжи со својата работа. Но, Вељаноски може тоа да го стори уште веднаш или да ја чека следната недела кога ќе биде објавена во Службен весник.

    Иницијативата ја поднесе пратеникот од ДУИ Талат Џафери. Претедателката на Уставниот суд Елена Гошева пред гласањето рече дека со оглед на тоа што државата е во специфична ситуација, нејзините органи и институции се во блокада, и не се успеа да се најде разрешница на таквата ситуација и затоа треба да се поведе постапка за поднесената инцијатива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари