УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ЧЛЕНОТ КОЈ ИМ ЗАБРАНУВАШЕ ДОДАТОК НА ЛИЦАТА ШТО ЌЕ ГО ИЗГУБАТ ВИДОТ, СЛУХОТ, НОЗЕТЕ, КОИ ТЕШКО ЌЕ СЕ РАЗБОЛАТ И ОСТАНАТ ИНВАЛИДИ ПО 65-ГОДИШНА ВОЗРАСТ

УСТАВНИОТ СУД ГО УКИНА ЧЛЕНОТ КОЈ ИМ ЗАБРАНУВАШЕ ДОДАТОК НА ЛИЦАТА ШТО ЌЕ ГО ИЗГУБАТ ВИДОТ, СЛУХОТ, НОЗЕТЕ, КОИ ТЕШКО ЌЕ СЕ РАЗБОЛАТ И ОСТАНАТ ИНВАЛИДИ ПО 65-ГОДИШНА ВОЗРАСТОвој неуставен и дискриминаторски член беше воведен во 2019. - Портаролката на Уставен суд Христина Беловска. (Фото: Уставен суд)

Граѓаните кои беа одбивани за додаток од државата зашто изгубиле слух, вид, екстремитети, тешко се разболеле и останале инвалиди откако наполниле 65 години, отсега ќе бидат рамноправни со тие на кои несреќите им се случиле пред 65-годишна возраст. Уставниот суд на денешната седница го укина членот 44 став два во делот:„најдоцна до 65 -годишна возраст“, од Законот за социјална заштита.

Оваа одредба опфаќа користење на надоместок заради попреченост. Станува збро за надоместок кој може да го користи лице со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, целосно слепо или целосно глуво лице.

Судот ја отфрли оваа одредба зашто со неа е загрозен основниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот независно од личните својстав и карактеристики на граѓаните. Освен тоа, кажа портпаролката Христина Беловска, таа се коси со основната уставна одредба за владеење на правото.

САКАМДАКАЖАМ.МК во низа пишуваше за оваа неправда на стотици граѓани кои имале несреќна околност да добијат тешка попреченост (инвалидитет) по 65-годишна возраст. Оние на кои тоа им се случило пред да наполнат 65 години можеа, според неправедниот закон, да поднесат барање и добиваа додаток до крајот на животот. Додека, лицата со наполети 65 години кои ослепеле, оглувеле или интелектуално и физички се инвалидизирале, од комисиите беа одбивани за натамошен процес за добивање додаток за мобилност.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира