УСТАВНИОТ СУД ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

    УСТАВНИОТ СУД ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТПротив трите иницијативи за оценување на уставноста на референдумот, кои беа споени во еден предмет, гласаа седуммина уставни судии, а двајца беа да се поведе постапка. - Од денешната седница на Уставниот суд (Фото: Ѓ. Личовски)

    Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста на Одлуката за распишување референдум донесена од Собранието на 30 јули. Против собраниската Одлука до Уставниот суд беа поднесени иницијативи од партијата Левица, организацијата Светски македонски конгрес и од граѓанин од Куманово. Против трите иницијативи, кои беа споени во еден предмет, гласаа седуммина уставни судии, кои сметаат дека нема ништо неуставно во собраниската Одлука, а двајца беа да се поведе постапка.

    На денешната расправа во Уставниот суд, која што претходеше на гласањето, само уставните судии Јосиф Јосифовски и Елена Гошева, која беше и судија-известител за предметот, тврдеа дека Одлуката на Собранието за распишување референдум е противуставна и бараа да биде донесена времена мерка за стопирање на активностите за референдумот, до донесување конечна одлука на Уставниот суд.

    Собранието на 30 јули донесе одлука за распишување на консултативен референдум на 30 септември со референдумско прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот на Република Македонија и Република Грција“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира