УСТАВНИОТ СУД ЈА ПОЧНУВА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД ЈА ПОЧНУВА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    Претседателката на Уставниот суд Елена Гошева за денеска свикала колегиум, на кој уставните судии треба да се договорат за изборот на нов претседател на судот. Со тоа, највисокиот суд официјално ја почнува процедурата за избор на претседател, кој треба да биде од редот на осумтемина уставни судии.

    Гошева нема право на втор мандат. Нејзиниот мандат истекува во ноември, а претходно мора да биде избран нејзиниот наследник.

    Право да се кандидираат имаат сите осум уставни судии, бидејќи никој од нив досега не бил претседател на Уставниот суд. Може да се кандидираат и тие на кои за околу една година им истекува 9-годишниот мандат, како Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова и Исмаил Дарлишта. Но, според праксата, досега се кандидирале оние кои ќе имаат време да го истераат целиот претседателски мандат од три години, па очекувањата се дека кандидати треба да произлезат од судиите Сали Мурати, Вангелина Маркудова, Јован Јосифовски, Владимир Стојаноски и Никола Ивановски.

    Освен Сали Мурати, останатите четворица потенцијални кандидати се од редот на мнозинството во Уставниот суд, кои скоро секогаш гласаат како претседателката Елена Гошева. Но, таа последниот пат не успеа да ги убеди Маркудова, Јосифовски, Стојановски и Ивановски да ја реизберат за генерален секретар нејзината најблиска и најдоверлива соработничка во институцијата, Оливера Филиповска. Тоа беше првпат уставните судии од мнозинството да ѝ откажат послушност на Гошева, по што се постави дилемата дали ако таа треба да одреди кандидат за наследник, тие ќе застанат зад предлогот, или повторно ќе си тераат по свое.

    Но и сите четворица да го поддржат кандидатот на Гошева, сепак, за да се избере претседател на Уставниот суд треба шест гласа, што значи дека ќе мора да биде обезбеден и глас од малцинството во Уставниот суд: Старова, Мурати, Габер и Дарлишта.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира