Во однос на одлуката на Уставниот суд на РСМ, а поврзана со решенија од предметот за настаните од 27 април 2017 година, за парични казни на 50-тина адвокати во постапката, рече дека не може да се согласи со одлуката на Уставниот суд од пред два дена со која се поништуваат решенијата на Основниот кривичен и на Апелациониот суд Скопје. Но, додава во соопштението, дека во целост ќе ги почитува.
„Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека таа содржи и издвоени мислења на одредени уставни судии на кои мислења се приклучува. Имено, според издвоените мислења, ’со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата‘. Дополнително е наведено и дека ’Со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд, Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а таква надлежност нема‘ односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови“, цитира претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев издвоени мислења на одредени уставни судии кои гласале поинаку од мнозинството.
Судијката Добрила Кацарска на 16 октомври 2018 година казни 50-тина адвокати кои се жалеа дека немаат услови за работа откако таа ги префрли од новата, во старата зграда на Основниот суд Скопје 1, поради технички причини и неможност да се мутира гласот на заштитениот сведок. Тие бараа одлагање на рочиштето, а Кацарска, во консултации како што кажа во повеќе наврати со притворените за насилствата на 27 април 2017 година, кои не биле за развлекување на судењето, одбиваше а ги одлага рочиштата.
Казнетите адвокати со по 1.000 евра се жалеа, изгубија пред Апелација, па поднесоа иницијатива пред Уставниот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА