УТРЕ И ЗАДУТРЕ ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, ТРУДНИЦИТЕ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА, ВЕЛИ ВЛАДАТА

    УТРЕ И ЗАДУТРЕ ПОРТОКАЛОВА ФАЗА ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, ТРУДНИЦИТЕ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА, ВЕЛИ ВЛАДАТАСпоред УХМР, до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. - Изгрејсонце во Дојран. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Портокалова фаза е прогласена во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран за утре и задутре (11 и 12 јуни) поради најави за топлотен бран од утре, соопшти Владата по денешната седница, според информациите од Интитутот за јавно здравје (ИЈЗ )и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува и до 40 степени.

    Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури и донесени се следниве мерки:

    • oслободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години,
    • во градинките да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот,
    • единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

    „Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, вели Владата.

    За утре и задутре е најавено и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот Регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза.

    „Во овие региони ќе важат општите препораки, кои што ќе ги соопшти Министерството за здравство“, вели Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира