УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

    УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ„Единствена перспектива е да изградиме граѓанско, мултиетничко општество во кое поединците ќе се чувствуваат рамноправно“, кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев (Фото: СДК.МК)

    Заврши собраниската расправа за законот за употреба на јазиците во прво читање. Гласањето за законот е најавено за утре попладне. Пратениците сега треба да гласаат за потребата за донесување на законот за јазици.

    Законот потоа оди во собраниската Комисија за европски прашања. Пратениците во комисијата, ќе достават амандмани на законот. Според собранискиот Деловник, законот има европско знаме, што значи дека расправата во Комисијата трае три дена. Потоа законот оди на пленарна седница. Ако има прифатено предходно амандмани на законот, се расправа по амандманите на седницата. Ако нема амандмани, пратениците треба само да гласаат.

    Законот се носи со просто мнозинство, мора да има кворум од 61, а од нив треба да гласаат 41 пратеник , плус „Бадинтер“, односно да гласа и мнозинството припадници од малцинските заедници.

    „Македонија достигна едно ниво во меѓуетничките односи, но со овој закон ќе го бетонираме на основи кои се тотално апсурдни. Единствена перспектива е да изградиме граѓанско, мултиетничко општество во кое поединците ќе се чувствуваат рамноправно. Затоа апелирам оваа дискусија за законот да се искористи во тој правец“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев.

    На говорот на Димитриев реплицираше пратеникот на СДСМ, Петар Атанасов, кој рече дека токму поради власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е 16 години заробена на системот на бројки и проценти.
    „Да направиме добар закон, што ќе се спроведува. Тоа е нашата задача. Можеме да одиме само напред, но заеднички. Да го подобриме законот за доборот на сите нас“, рече Атанасов.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека опозицијата ќе гласа против, а за понатака спремале голем број на амандмани, со кој, како што рече, ќе се обиделе да ја спречат дискриминацијата што се прави кон помалите етнички заедници спомнати во Уставот, како и да се разјасни дали законот ќе важи на целата територија, или само во деловите каде живеат над 20 отсто од малцинствата.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари