УТРЕ ЌЕ СЕ ВИДАМ СО МАКРОН, ЌЕ ПРАШАМ И ЗА ВАС, ИМ РЕЧЕ ВУЧИЌ НА ЗАЕВ И РАМА

    УТРЕ ЌЕ СЕ ВИДАМ СО МАКРОН, ЌЕ ПРАШАМ И ЗА ВАС, ИМ РЕЧЕ ВУЧИЌ НА ЗАЕВ И РАМАУтре ќе се видам со претседателот Макрон и, со дозвола од Зоран и Еди, ќе го прашам и за вас истото она што ќе го прашам за нас“, рече Вучиќ на средбата во Охрид. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Охрид рече дека утре ќе патува за Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Вучиќ на регионалната средба на Западен Балкан им рече на премиерите Зоран Заев и Еди Рама дека со Макрон ќе разговара и за Македонија и Албанија.

    „Немаме друг пат освен Европската Унија, но мене ми е важен животот на граѓаните. Лесно е да викаме дека сме сите за ЕУ, а по 96 часа да чекаме на граници без ништо конкретно да не преземеме за тоа. Утре ќе се видам со претседателот Макрон и, со дозвола од Зоран и Еди, ќе го прашам и за вас истото она што ќе го прашам за нас“, рече Вучиќ.

    Претседателот Стево Пендаровски на 12 ноември ќе се сретне со претседателот Макрон, во рамките на Парискиот мировен форум.

    • НЕ ПРАВИМЕ НОВА ЈУГОСЛАВИЈА ИЛИ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, ТУКУ ПОДОБАР ЖИВОТ ЗА НАРОДОТ, КАЖАА ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА ВО ОХРИД

    Поради француското вето, Македонија и Албанија не го добија очекуваниот датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ на самиот на Европскиот совет на 18 октомври, а претседателот Макрон до последен момент опстоја на ставот дека нема да прифати проширување се додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес за земјите кандидатки.

    На 18 октомври, на прес-конференција по состанокот на Европскиот совет, Макрон најави дека во наредните месеци ќе дојде во Скопје и во Тирана. Тој тогаш рече дека верува оти дека отворањето преговори со Македонија, а не и со Албанија би било многу лошо за регионот, и дека тоа би било смртоносна политичка грешка. Укажа и дека неговото вето за Македонија и Албанија не се должи на каприц, туку на различна визија за иднината на Европа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира