УТРЕВЕЧЕР НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА НА ПОЛНОЌ

    УТРЕВЕЧЕР НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА НА ПОЛНОЌНовите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 13 мај полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот, одлучи Владата. Владата на Фејсбук објави дека оваа одлука стапува на сила од 12 мај, но претходно беше најавено дека за верскиот празник Рамазан Бајрам на 12 спрема 13 мај, исто како за Велигден од 1 за 2 мај, нема да има полициски час.

    Угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот.

    Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

    Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре, 12 мај.

    Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

    На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира