В ПЕТОК ЌЕ СТИГНАТ 38.400 ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ПРЕКУ КОВАКС МЕХАНИЗМОТ

    В ПЕТОК ЌЕ СТИГНАТ 38.400 ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ПРЕКУ КОВАКС МЕХАНИЗМОТДосега во земјава со вакцината „АстраЗенека“ се вакцинирани 24.000 лица над 60 години. (Фото:К.Попов)

    В петок во земјава ќе пристигнат нови 38.400 дози од вакцината „АстраЗенека“, соопшти попладнево министерот за здравство Венко Фолипче. Вакцините кои ќе пристигнат се обезбедени преку Ковакс механизмот.

    Досега во земјава со вакцината „АстраЗенека“ се вакцинирани 24.000 лица над 60 години од првата пратка која преку Ковакс механизмот стигна на 28 март. Во земјава преку програмата на Обединетите нации треба да стасаат вкупно 100.000 вакцини, но испораката иако беше најавена за април, доцни поради состојбата со коронавирусот во Индија, каде се наоѓа една од фабриката за производство на вакцината „АстраЗенека“.

    Во земјава вакцината „Астра Зенека“ се дава само на лица над 60 години. Министерот Филипче изјави дека со „АстраЗенека“ во земјава ќе можат да се ревакцинираат и граѓаните кои заминаа на вакцинација во Србија, но само постарите од 60 години.

    Во моментов во земјава масовната вакцинација се спроведува со вакцините „Синофарм“ и „Фајзер“. До вчера вакцинирани се вкупно 121.181 лице, а пријавени за вакцина на сајтот vakcinacija.mk се 303.574 граѓани.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира