ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА ТРЕБА ДА СТАСААТ В НЕДЕЛА САБАЈЛЕ

    ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА ТРЕБА ДА СТАСААТ В НЕДЕЛА САБАЈЛЕЗаев и Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево на промоција на проектот за интегрирано гранично управување на 2 септември 2018. (Фото: СДК.МК)

    Владата пак најави примопредавање на вакцините против ковид-19 од Србија, овојпат за утре (недела) во 10 часот на граничниот премин Табановце. Од Владата велат дека на примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

    Ваква идентична најава имаше и на 10 февруари, но вечерта истиот ден беше соопштено дека примопредавањето е одложено заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините

    Станува збор за првата половина од пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија, по телефонскиот разговор со Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира