ВАШИНГТОН ОЧЕКУВА ВЛАДА ШТО ЌЕ ГО ПОЧИТУВА СЈО И ЌЕ СОРАБОТУВА СО САД И СО ЕУ

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"Вашингтон(ВОА)

    ВАШИНГТОН ОЧЕКУВА ВЛАДА ШТО ЌЕ ГО ПОЧИТУВА СЈО И ЌЕ СОРАБОТУВА СО САД И СО ЕУ

    Соединетите американски држави (САД) очекуваат политичките партии да се фокусираат на целите на нивните граѓани, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, јави Гласот на Америка на македонски јазик цитирајќи изјава од заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји.

    „Она што знаеме е дека изборите биле одржани во кредибилни услови, што е добра основа за ставање крај на политичката криза во која се наоѓа земјата повеќе од една година“, одговори претставникот на Стејт департментот.

    Тој вели дека „сега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициона влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес“.

    „САД, секако дека го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи – како на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како Специјалното јавно обвинителство, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО“, изјави Хојт Ји.

    Тој вели дека САД веруваат дека „политичките партии ќе се фокусираат на целите на нивните граѓани, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира