ТЕСТИРАЊЕТО ЗА КОРОНАВИРУС ВО СИСТИНА МОРА ДА СЕ ПОТВРДИ СО ТЕСТ ВО ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ТЕСТИРАЊЕТО ЗА КОРОНАВИРУС ВО СИСТИНА МОРА ДА СЕ ПОТВРДИ СО ТЕСТ ВО ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОПациентите позитивни на тестовите на „Систина“ треба задолжително да направат тест во Институтот за јавно здравјe, велат од Министерството за здравство. (Фото: К. Попов)

    Министерството за здравство појасни дека само тестовите за присуство на КОВИД-19 на Институтот за јавно здравје се валидни, по објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во „Систина“.

    Од Министерството велат дека тестовите на „Систина“ се различни од тестовите на сите останати ситуации, бидејќи тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот, додека останатите го детектираат директното присуство на вирусот. Затоа, велат од Министерството, пациентите позитивни на тестовите на „Систина“ треба задолжително да направат тест во Институтот за јавно здравје.

    „Тестовите кои ги користи приватната клиника ’Систина‘ се различен тип од тестовите на сите останати институции и тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот КОВИД-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

    Тестови за коронавирус прават повеќе приватни здравствени установи, но само „Систина Аџибадем“ веќе неколку дена објавува соопштенија за резултатите од тестовите, неколку часа откако државата ги дава податоците. Тестирањето во оваа приватна болница чини 1.200 денари.

    Приватните болници во Македонија немаат инфективни одделенија.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира