Портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро вели дека е важно земјата да продолжи да ги спроведува реформите во врска со ЕУ по најавата за оставка на премиерот Зоран Заев по локалните избори.
„Важно е земјата да продолжи да ги спроведува реформите во врска со ЕУ“, изјави Писонеро, додавајќи дека ЕК ја прифатила најавата за оставката на македонскиот премиер.
Таа ги повика новите градоначалници и општински советници да придонесат за унапредување на реформската агенда на ЕУ.
Заев најави дека ќе поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ вечерта на по вториот круг на локалните избори на 31 октомври, но оставката сè уште не е формализирана.