ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ

    Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, денеска ги распиша изборите, информираат од неговиот кабинет.

    Во соопштението од кабинетот на Вељаноски пишува дека тој решението го доставил до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и до Министерството за надворешни работи.

    „Почитувани граѓанки и граѓани, верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на тие политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина“, пишува во соопштението на Вељаноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари