ВЕЛЕШАНЕЦ ПРОДАВАЛ 14-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, УЦЕНУВАЈЌИ ЈА СО СЕКС СНИМКА

    ВЕЛЕШАНЕЦ ПРОДАВАЛ 14-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, УЦЕНУВАЈЌИ ЈА СО СЕКС СНИМКАЗа ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години. - Велес (Фото: СДК.МК)

    25-годишен велешанец е осомничен за кривичното дело Трговија со дете, бидејќи со употреба на закана над жртвата, 14-годишна девојка, ја принудувал на сексуални активности со други лица, соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Од обвинителството велат дека тој во декември 2021 година почнал да комуницира со девојката на Инстаграм и откако стекнал доверба кај неа, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. Но, веќе на првата средба направил порнографски материјал што потоа го користел како закана за да ја присили да доаѓа и на други средби, заканувајќи ѝ се дека ако не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.

    „На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, велат од обвинителството.

    Обвинителството му предложи на судот да му одреди притвор на 25-годишниот осомничен, а во истрагата се осомничени уште четири лица, за кои исто така е предложен притвор.

    За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира