ВЕЛЕШКА БРАКО ГО ПРОИЗВЕДЕ ПРВОТО ВОЗИЛО ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ЕВРОПА КОЕ РАБОТИ НА ВОДОРОД И ИСПУШТА ВОДА, НАМЕСТО ИЗДУВНИ ГАСОВИ

    ВЕЛЕШКА БРАКО ГО ПРОИЗВЕДЕ ПРВОТО ВОЗИЛО ЗА ЧИСТЕЊЕ  ВО ЕВРОПА КОЕ РАБОТИ НА ВОДОРОД И ИСПУШТА ВОДА, НАМЕСТО ИЗДУВНИ ГАСОВИоландските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат. - Машината ГМ500Х2 (Фото: Брако)

    „Брако“ ја произведе првата во Европа еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Грин машинс“ ГМ500Х2 која работи на водород, соопшти велешката компанија. На еколошкото возило за чистење кое испушта само вода, а не издувни гасови како досегашните возила, работеше тим од 15 инженери од Северна Македонија во соработка со инженери од Холандија.

    „Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот ‘Green Machines’ (GM500H2), чиј погон работи на најчисто гориво хидроген ( водород ). Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат. Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите. Еко визијата ја препознаа и во останатите земји ширум светот, па така интерес за новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија , но и од скандинавските земји“, вели Иле Атанасов, директор на „Брако“.

    Компанијата „Грин машинс“, која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација. За машината ГМ500Х2 од компанијата велат дека претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет, од Лондон до Сингапур.

    Инвестирањето во зелените машини, како и нови технолошки постројки е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во „Брако“, каде се вработени над 600 лица. Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е меѓу најголемите извозници во Северна Македонија, чие доминантно производство од 95% е наменето за извоз во над 30 земји. Годинава и во време на криза и најтешките логистичко-технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството како и да го зголеми бројот на вработени.

    Инвестицискиот циклус во вредност од 8 милиони евра на велешки „Брако“ опфаќа вложувања во напредната технологија на ЦНЦ управувачки машини, инвестиции во нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин производство како и нова менза за вработените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира