ВЕРУШЕВСКИ НЕЈЌЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ МИЈАЛКОВ, НЕ ОДГОВАРА НИ НА СУДСКИТЕ ПОРАКИ ОСТАВЕНИ ВО ПОШТЕНСКОТО САНДАЧЕ

    ВЕРУШЕВСКИ НЕЈЌЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ МИЈАЛКОВ, НЕ ОДГОВАРА НИ НА СУДСКИТЕ ПОРАКИ ОСТАВЕНИ ВО ПОШТЕНСКОТО САНДАЧЕЗоран Верушевски е еден од главните сведоци во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегалено прислушување и требаше денеска да сведочи. - Зоран Верушевски; Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 подолго време го бара ексразузнавачот Зоран Верушевски и не може да го најде ни на адресата на која живее, ни на работа во Владата, кај што го советува премиерот за безбедносни прашања.

    Зоран Верушевски е еден од главните сведоци во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување и требаше денеска да сведочи.

    „На 6.7.2019 година не се јавил во Кривичниот суд да подигне покана. Судот направи обид да го најде на неговото работно место во Владата кај што е советник за национална безбедност. Постои приемен печат во Владата, но судот нема доказ дека ја примил поканата“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

    Потоа таа праша:

    „Дали СЈО има инфо за промена на адресата?“, рече обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов.

    Потоа Бегтовиќ наведе:

    „Нема податок ни за промена на адресата, ни за неговото звање, односно работно место“.

    Пак ќе го бара судот, но никој не побара негово стражарно приведување.

    „И ние ќе се потрудиме да го најдеме“, рече Пеливанов, но не побара стражарно приведување на Верушевски.

    Судењето се одложи за 23 септември 2019 година.

    Обвинети во „Тврдина-Таргет“ се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски (тогашен шеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. Обвинети се и избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари