ВЕТЕР ОТКОРНА КРОВ ОД СРЕДНО ШКОЛО ВО ГЕВГЕЛИЈА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ВЕТЕР ОТКОРНА КРОВ ОД СРЕДНО ШКОЛО ВО ГЕВГЕЛИЈА, НЕМА ПОВРЕДЕНИНема повредени лица, побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. (Фото: ЦУК)

    Поради силен ветер летна лимената конструкција од кровот на Средното општинско училиште (СОУ) „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, а ги подигна и лимовите од кровот на една градинка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Оттаму велат дека нема повредени лица, побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

    „За настанот се известени Територијалната противпожарна единици Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и Полициската станица Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности“, велат од ЦУК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира