Амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски, кого владата на поранешниот премиер Никола Груевски го назначи за преговарач за спорот со името, на местото на Зоран Јолевски, ги продолжува преговорите под покровителство на посредникот Метју Нимиц.
Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека амбасадорот Наумовски уште е на местото наш претставник во преговорите за спорот со Грција.
Средбата на претставниците на Македонија и на Грција со посредникот Нимиц ќе се одржи на почетокот на декември, а не овој месец како што најави премиерот Зоран Заев.
Досегашни наши претставници во овие децениски преговори беа: Иван Тошевски, Никола Димитров, Зоран Јолевски и актуелниот Васко Наумовски.
Наумовски беше вицепремиер за евроинтеграции во владата на Груевски од 2008 до 2011 година. Од 2014 година е амбасадор во САД и преговарач. Амбасадорскиот мандат му завршува в година.
С. К. ДЕЛЕВСКА