„ВИЗЕР“ ГИ ПРЕКИНА ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ЗА БАРСЕЛОНА И ЛАРНАКА И ОД ОХРИД ЗА МИЛАНО

    „ВИЗЕР“ ГИ ПРЕКИНА ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ЗА БАРСЕЛОНА И ЛАРНАКА И ОД ОХРИД ЗА МИЛАНОНе се објавени причините за укинување на овие линии, ниту пак дали некогаш ќе се обноват. Авиони на Визер на Скопскиот аеродром. (Фото: СДК.МК)

    Нискобуџетната компанија „Визер“ потврди дека ги прекинал летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака, како и од Охрид кон Милано, објави специјализираната веб страница за ависообраќај Ексјуавиејшн. Не се објавени причините за укинување на овие две линии, ниту пак дали некогаш ќе се обноват.

    Картите за двата лета од Скопје веќе некое време не се продаваат. Линијата за Барселона неколку пати беше прекината во изминатите три години, делумно и како резултат на пандемијата. Беше обновена по укинувањето на карантините низ Европа и повремено беше во функција до декември 2021.

    Летот Скопје-Ларнака беше суспендиран на почетокот на пандемијата и оттогаш воопшто не беше обновен.

    Во исто време, „Визер“ објави дека на 3 март ќе воведе летови од Скопје за Торино.

    „Визер“ ги откажа и летовите меѓу Охрид и Милано (Малпенса), кои беа воведени во март 2019, но беа прекинати во 2020 во екот на пандемијата. Моментално, „Визер“ ги одржува само летовите од Охрид за Базел, додека летовите кон Меминген и Малме ќе продолжат во февруари, а кон Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон во март.

    Од базата  во Скопје унгарскиот нискобуџетен превозник во моментов оперира со четири авиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира