„ВИЗЕР“ И „ЛУФТХАНЗА“ КОНКУРИРАЛЕ НА ВТОРИОТ ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НОВИ АВИОЛИНИИ

    „ВИЗЕР“ И „ЛУФТХАНЗА“ КОНКУРИРАЛЕ НА ВТОРИОТ ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НОВИ АВИОЛИНИИНа првиот оглас кој беше поништен поради нецелосна документација покрај „Визер“ и „Луфтханза“ понуда достави и „Ејџиан ерлајнс“. (Фото: СДК.МК)

    Само две компании, „Визер“ и „Луфтханза“, конкурирале на огласот за субвенционирање нови авиолинии. На првиот оглас кој беше поништен поради нецелосна документација покрај овие две авиокомпании понуда достави и „Ејџиан ерлајнс“.

    „Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик. Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира