ВКУПНО 14 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КОИ 4 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ И УШТЕ 2.051 ЗАРАЗЕНИ

    ВКУПНО 14 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КОИ 4 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ И УШТЕ 2.051 ЗАРАЗЕНИОд вкупно 2.051 позитивни, регистрирани се 276 реинфекции. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 14 починати од коронавирус и уште 2.051 заразени од 6.353 тестови, се регистрирани за 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од 14-те починати, четири лица се целосно вакцинирани. Од вкупно 2.051 позитивни, регистрирани се 276 реинфекции.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

    Новозаразените се во Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

    Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.

    Направени се 6.353 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-293, Биотек-368, Систина-97, лабораторија Лаор-216, Синлаб-55, Ремедика-24, Плодност-98, Генеа-27, Никоб Лаб-716, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-47, Ројал Медика–51, Спектра-ММ-31, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.905.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани досега се 249.704, од кои оздравена 223.053, починаа 8.153, а активни се 18.498.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 112551, Активни 9714
    Куманово 14033, Активни 709
    Прилеп 12201, Активни 1040
    Тетово 11819, Активни 331
    Битола 11483, Активни 1638
    Гостивар 8413, Активни 258
    Кавадарци 8098, Активни 445
    Велес 7955, Активни 343
    Охрид 7537, Активни 564
    Штип 7185, Активни 298
    Струмица 6782, Активни 393
    Кичево 4666, Активни 276
    Кочани 4385, Активни 216
    Струга 4179, Активни 204
    Гевгелија 3353, Активни 293
    Неготино 2872, Активни 183
    Свети Николе 2290, Активни 113
    Ресен 2136, Активни 202
    Крива Паланка 2105, Активни 119
    Радовиш 2070, Активни 221
    Делчево 1627, Активни 121
    Берово 1571, Активни 83
    Дебар 1480, Активни 15
    Виница 1230, Активни 35
    Пробиштип 1217, Активни 54
    Валандово 1225, Активни 148
    Кратово 845, Активни 55
    Крушево 780, Активни 150
    Богданци 776, Активни 71
    Демир Хисар 723, Активни 67
    Македонски Брод 602, Активни 44
    Македонска Каменица 465, Активни 33
    Демир Капија 462, Активни 24
    Пехчево 392, Активни 27
    Дојран 196, Активни 11

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира