ВКУПНО 18 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 51 ДО 94 ГОДИНИ, УШТЕ 396 ПОЗИТИВНИ ОД 4.858 ТЕСТОВИ

    ВКУПНО 18 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 51 ДО 94 ГОДИНИ, УШТЕ 396 ПОЗИТИВНИ ОД 4.858 ТЕСТОВИОд ковид-19 во земјава починаа 7.935, а активни болни се 4.971. (Фото: СДК.МК)

    Осумнаесет починати од ковид-19 се регистрирани во денешниот извештај на Министерството за здравство, од кои 14 починале во изминатото деноноќие. Регистрирани се 396 нови случаи на коронавирус од 4.858 тестови.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се : 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 17 до 25 декември. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1.

    Регистрирани се 207 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по 1.

    Направени се 4.858 тестови преку: ИЈЗ-449, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ „8 Септември“ -0, Институт за микробиологија–172, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-232, Биотек-204, Систина-100, лабораторија Лаор-289, Синлаб-35, Ремедика-10, Плодност–38, Генеа-25, Никоб лаб-388, ВФВ Медикал-80, Ели Медика-93, Ројал Медика–47, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–17, Жан Митрев Струмица–21, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.240.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 224.134, оздравени се 211.228, починаа 7.935, а активни случаи се 4.971.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 98537, Активни 2535
    Куманово 13127, Активни 111
    Тетово 11422, Активни 75
    Прилеп 10801, Активни 360
    Битола 9244, Активни 364
    Гостивар 8082, Активни 18
    Велес 7511, Активни 143
    Кавадарци 7411, Активни 183
    Охрид 6794, Активни 225
    Штип 6751, Активни 87
    Струмица 6286, Активни 134
    Кичево 4320, Активни 68
    Кочани 4109, Активни 52
    Струга 3938, Активни 31
    Гевгелија 2936, Активни 97
    Неготино 2633, Активни 33
    Свети Николе 2155, Активни 28
    Крива Паланка 1958, Активни 37
    Ресен 1875, Активни 93
    Радовиш 1812, Активни 39
    Берово 1483, Активни 14
    Делчево 1466, Активни 28
    Дебар 1458, Активни 1
    Виница 1180, Активни 13
    Пробиштип 1142, Активни 11
    Валандово 1040, Активни 62
    Кратово 789, Активни 7
    Богданци 689, Активни 34
    Демир Хисар 642, Активни 26
    Крушево 608, Активни 13
    Македонски Брод 539, Активни 29
    Демир Капија 434, Активни 6
    Македонска Каменица 429, Активни 11
    Пехчево 359, Активни 1
    Дојран 174, Активни 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира