ВЛАДАТА ЕДНОСТРАНО ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА КАЗАНДОЛ

    ВЛАДАТА ЕДНОСТРАНО ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА КАЗАНДОЛКако што кажа премиерот, концесионерот не исполнил условот од договорот за концесија. - Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека Владата на денешната седница донела одлука еднострано да го раскине договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини со фирмата „Сардич МЦ“ за локалитетот Казандол.

    „Донесовме одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини на локалитетот Казандол во општините Валандово, Богданци и Дојран“, изјави Заев на прес-конференција.

    Како што кажа Заев, концесионерот не го исполнил условот од договорот во рок од две години од добивање на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира