ВЛАДАТА ГО ПОСТАВИ ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА РЕВИЗИЈАТА

    ВЛАДАТА ГО ПОСТАВИ ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И НАДЗОР НА РЕВИЗИЈАТАЦветанов е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам и осуден во случајот „Шпион“. (Фото: Фејсбук)

    Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, е нов претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случакјот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

    На денешната владина седница беа донесени одлуки за пополнување на дел од испразнетите места, откако минатата недела беа разрешни 70 директори, членови на управни и надзорни одбори. За нови директори се именувани:

    • Висарa Риза за в. д. директор на Агенција за лекови и медицински средства
    • Милан Запровски за в. д. директор на Државен инспекторат за земјоделство
    • Емил Крстевски за в. д. директор на Државен архив
    • Арбен Вила за в. д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
    • Дејан Богоевски за в. д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Пајазит Лика за в. д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
    • Армир Садики за в. д. директор на Биро за јавни набавки
    • Ване Цветанов за в. д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата
    • Рефик Мустафа за в. д. директор на Управа за електронско здравство
    • Марјан Огненовски се разрешува од должноста од управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје, а негово место доаѓа Зоран Исајловски
    • Милутин Станиќ се разрешува од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, а се назначува Славица Тодорова

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира